одвлече

Глагол, свршен

Значење на одвлече:

1. Со влечење однесе нешто некаде, до определено место. Тој го одвлече сандакот во другиот агол на собата. Вреќите со брашно ги одвлековме во подрумот.

2. Одведе, однесе некого со сила, влечејќи. Го фати детето за уво и го одвлече надвор. Го подигнаа старецот и го одвлекоа дома.

3. (прен.) За мисла, внимание, поглед и сл. – оттргне, одврати од нешто. Таа ми го одвлече вниманието од работата. Книгата ѝ ги одвлече мислите од секојдневните грижи.

Коњугација: (ќе) одвлечеа , (ќе) одвлечев , (ќе) одвлечел , одвлекле , одвлекоа , одвлеков , одвлекол , одвлечат , одвлечен, одвлечете , одвлечи .

Изведени зборови:

  • одвлечување, глаг. им. ср. одвлечување / одвлекување
  • се ~ одвлече, 1. Одвај отиде, замине со влечење. Одвај се одвлеков до постела. Се одвлече накај куќата. 2. (прен.) Се оттргне од нешто, заборави на нешто. За миг се одвлече од разговорот и се поздрави со нас. Не можеше да се одвлече од минатото.
  • (се) одвлечува, глаг. несв. (се) одвлечуваат -- (се) одвлекува, (се) одвлекуваат

Оригинални податоци:

одвлече, одвлечат; одвлечи, одвлечете; одвлеков, одвлекоа; одвлекол, одвлекле; (ќе) одвлечев, (ќе) одвлечеа; (ќе) одвлечел; одвлечен св. 1. Со влечење однесе нешто некаде, до определено место. Тој го одвлече сандакот во другиот агол на собата. Вреќите со брашно ги одвлековме во подрумот. 2. Одведе, однесе некого со сила, влечејќи. Го фати детето за уво и го одвлече надвор. Го подигнаа старецот и го одвлекоа дома. 3. (прен.) За мисла, внимание, поглед и сл. – оттргне, одврати од нешто. Таа ми го одвлече вниманието од работата. Книгата ѝ ги одвлече мислите од секојдневните грижи. ● се ~ 1. Одвај отиде, замине со влечење. Одвај се одвлеков до постела. Се одвлече накај куќата. 2. (прен.) Се оттргне од нешто, заборави на нешто. За миг се одвлече од разговорот и се поздрави со нас. Не можеше да се одвлече од минатото. ǁ (се) одвлечува, (се) одвлечуваат / (се) одвлекува, (се) одвлекуваат несв. ǁ глаг. им. одвлечување / одвлекување ср.