одвоен
Значење на одвоен:
1. Што е одделен, изолиран од некого или од нешто. Одвоен од светот.
2. Што е разделен, раздвоен. Одвоена власт. Одвоени сили. Одвоен влез.
Членувана форма: одвоениот.
Изведени зборови:
- одвоено, прил. Тие живеат одвоено. Стоеја одвоено од другите деца.
- одвоеност, и. ж.
Фразеолошки израз / поговорка:
Одвоен живот – (админ.) подолго одделување од семејството на еден од сопружниците по потреба на службата, теренска работа во друго место; надоместок во пари кон платата поради такво одделување од семејството.
Оригинални податоци:
одвоен, одвоениот прид. 1. Што е одделен, изолиран од некого или од нешто. Одвоен од светот. 2. Што е разделен, раздвоен. Одвоена власт. Одвоени сили. Одвоен влез. ◊ Одвоен живот – (админ.) подолго одделување од семејството на еден од сопружниците по потреба на службата, теренска работа во друго место; надоместок во пари кон платата поради такво одделување од семејството. ǁ одвоено прил. Тие живеат одвоено. Стоеја одвоено од другите деца. ǁ одвоеност ж.