одвои
Значење на одвои:
1. а) Оддели, раздели од некого, од некоја целина, заедница. Тој не можеше да го одвои детето од неговата мајка. Таа одвај ги одвои раскараните деца. Тие ги одвоија младите во посебно домаќинство. б) Оддели, раздели нешто што е споено, цело. Го одвои месото од коските. Одвои парче од тестото.
2. Издели, издвои според нешто од некоја група, целина. Тренерот ги одвои двајцата најдобри играчи. Комисијата ги одвои најдобрите работници од колективот и ги награди.
3. Остави настрана, заштеди. Факултетот одвои стипендии за школување во странство. Тој одвои дел од платата и си купи нов компјутер.
4. Оддели нешто едно од друго. При ткаењето ѝ се замрсија конците и не можеше да ги одвои.
5. Сортира, групира нешто измешано. Тој ги одвои полупразните шишиња со масло. Таа го одвои каколот од пченицата.
6. (прен.) За очи, поглед, мисла и сл. – оддели, оттргне, одврати од некого или од нешто. Не можеше да ги одвои очите од него. Одвај го одвои погледот од девојката. Библијата му ги отвори очите и го одвои од алчноста.
Коњугација: (ќе) одвоев , (ќе) одвоеја , (ќе) одвоел , одвоен, одвоив , одвоија , одвоил , одвој , одвојат , одвојте .
Изведени зборови:
- одвојување, глаг. им. ср. одвојување, PLUR_одвојувања Сѐ почестите одвојувања сѐ потешко ѝ паѓаа.
- се ~ одвои, 1. а) Се издвои, се оддели од некого, од некоја целина; остави, напушти. Јас се одвоив од него и тргнав назад кон колибата. Неколку партизани се одвоија од бригадата. Тие се одвоија од групата и залутаа низ шумата. б) Се оддели од нешто, остави нешто. Не сакаше да се одвои од книгата. 2. Се оддалечи од нешто. Тој се одвои од прозорецот и седна на креветот.
- (се) одвојува, глаг. несв. (се) одвојуваат
Оригинални податоци:
одвои, одвојат; одвој, одвојте; одвоив, одвоија; одвоил; (ќе) одвоев, (ќе) одвоеја; (ќе) одвоел; одвоен св. 1. а) Оддели, раздели од некого, од некоја целина, заедница. Тој не можеше да го одвои детето од неговата мајка. Таа одвај ги одвои раскараните деца. Тие ги одвоија младите во посебно домаќинство. б) Оддели, раздели нешто што е споено, цело. Го одвои месото од коските. Одвои парче од тестото. 2. Издели, издвои според нешто од некоја група, целина. Тренерот ги одвои двајцата најдобри играчи. Комисијата ги одвои најдобрите работници од колективот и ги награди. 3. Остави настрана, заштеди. Факултетот одвои стипендии за школување во странство. Тој одвои дел од платата и си купи нов компјутер. 4. Оддели нешто едно од друго. При ткаењето ѝ се замрсија конците и не можеше да ги одвои. 5. Сортира, групира нешто измешано. Тој ги одвои полупразните шишиња со масло. Таа го одвои каколот од пченицата. 6. (прен.) За очи, поглед, мисла и сл. – оддели, оттргне, одврати од некого или од нешто. Не можеше да ги одвои очите од него. Одвај го одвои погледот од девојката. Библијата му ги отвори очите и го одвои од алчноста. ● се ~ 1. а) Се издвои, се оддели од некого, од некоја целина; остави, напушти. Јас се одвоив од него и тргнав назад кон колибата. Неколку партизани се одвоија од бригадата. Тие се одвоија од групата и залутаа низ шумата. б) Се оддели од нешто, остави нешто. Не сакаше да се одвои од книгата. 2. Се оддалечи од нешто. Тој се одвои од прозорецот и седна на креветот. ǁ (се) одвојува, (се) одвојуваат несв. ǁ глаг. им. одвојување, мн. одвојувања ср. Сѐ почестите одвојувања сѐ потешко ѝ паѓаа.