одврати
Значење на одврати:
1. Направи вратка, возврати на ист, соодветен начин на нешто направено од некого. Ако ме удриш, ќе ти одвратам. На насмевката му одврати со насмевка.
2. Врати со одговор, одговори на нешто кажано од некого. Јас го поздравив, а тој ми одврати со пцости. Старецот одврати со спокоен глас. Вистина е – одврати девојката.
3. Оттргне од некаква намера, работа, наговори некого да не прави нешто што навикнал или намислил да го прави. Таа ме одврати од намерата да заминам. Одвај го одвративме синот од женидба.
4. Одвои, оддалечи од некого или од нешто. Тој ме одврати од децата. Таа го одврати од другарите. Сакаше да го одврати од лошите мисли.
5. Заврти, сврти настрана од определениот правец, насочи кон нешто друго. Го одврати лицето настрана, да не гледа во болниот. Го одврати погледот од прозорецот и се замисли. Ми го одврати вниманието од работата.
6. За вода – одбие, сврти, промени тек. Воденичарот ја одврати водата од воденицата за да го поправи мелничкото тркало. Селаните ја одвратија реката за да не им ги поплави насадите.
7. Добие влага. Таа го чувала брашното во пластични кеси и тоа одврати.
Коњугација: одвратат.
Изведени зборови:
- одвратување, глаг. им. ср. одвратување / одвраќање
- се ~ одврати, 1. Се оттргне, се откаже од нешто. Тој се одврати од пијанството. Децата се одвратија од играта. 2. безл. Ми (ти, му...) се згади, почувствува одвратност. Ми се одврати од мирисот што доаѓаше од кујната.
- (се) одвратува, глаг. несв. (се) одвратуваат -- (се) одвраќа, (се) одвраќаат
Оригинални податоци:
одврати, одвратат св. 1. Направи вратка, возврати на ист, соодветен начин на нешто направено од некого. Ако ме удриш, ќе ти одвратам. На насмевката му одврати со насмевка. 2. Врати со одговор, одговори на нешто кажано од некого. Јас го поздравив, а тој ми одврати со пцости. Старецот одврати со спокоен глас. Вистина е – одврати девојката. 3. Оттргне од некаква намера, работа, наговори некого да не прави нешто што навикнал или намислил да го прави. Таа ме одврати од намерата да заминам. Одвај го одвративме синот од женидба. 4. Одвои, оддалечи од некого или од нешто. Тој ме одврати од децата. Таа го одврати од другарите. Сакаше да го одврати од лошите мисли. 5. Заврти, сврти настрана од определениот правец, насочи кон нешто друго. Го одврати лицето настрана, да не гледа во болниот. Го одврати погледот од прозорецот и се замисли. Ми го одврати вниманието од работата. 6. За вода – одбие, сврти, промени тек. Воденичарот ја одврати водата од воденицата за да го поправи мелничкото тркало. Селаните ја одвратија реката за да не им ги поплави насадите. 7. Добие влага. Таа го чувала брашното во пластични кеси и тоа одврати. ● се ~ 1. Се оттргне, се откаже од нешто. Тој се одврати од пијанството. Децата се одвратија од играта. 2. безл. Ми (ти, му...) се згади, почувствува одвратност. Ми се одврати од мирисот што доаѓаше од кујната. ǁ (се) одвратува, (се) одвратуваат / (се) одвраќа, (се) одвраќаат несв. ǁ глаг. им. одвратување / одвраќање ср.