одврти

Глагол, свршен

Значење на одврти:

1. Со вртење отвори нешто затворено, стегнато. Тој ја одврти бомбата и ја фрли. Го одврти чепот на бочвата и виното истече. Водоводџијата ја одврти славината за вода.

2. Со вртење врати нешто во претходна состојба. Тој ја одврти прегорената светилка.

3. (нар. поез.) За очи – извади, ископа. Му одврти црни очи.

Коњугација: одвртат.

Изведени зборови:

  • одвртување, глаг. им. ср.
  • се ~ одврти, Се одвинти, се отвори. Не ја стегна добро завртката и капакот се одврти.
  • (се) одвртува, глаг. несв. (се) одвртуваат

Оригинални податоци:

одврти, одвртат св. 1. Со вртење отвори нешто затворено, стегнато. Тој ја одврти бомбата и ја фрли. Го одврти чепот на бочвата и виното истече. Водоводџијата ја одврти славината за вода. 2. Со вртење врати нешто во претходна состојба. Тој ја одврти прегорената светилка. 3. (нар. поез.) За очи – извади, ископа. Му одврти црни очи. ● се ~ Се одвинти, се отвори. Не ја стегна добро завртката и капакот се одврти. ǁ (се) одвртува, (се) одвртуваат несв. ǁ глаг. им. одвртување ср.