одврзе

Глагол, свршен

Значење на одврзе:

1. а) Оддели, одвои нешто што било претходно врзано. Тој ги одврза вреќите полни со жито. Детето ги одврза чевлите. б) Ослободи тоа што било врзано за нешто. Тој го одврза магарето од дрвото. Го одврза чунот и го турна во водата.

2. Одмота, одвитка од нешто. Тој ѝ ги одврза рацете на девојката. Таа си го одврза шалот од вратот. Тој ја одврза преврската од раната.

3. Извади нешто што било врзано, заврзано во нешто. Тој одврза сол од една крпа и ја тури во зовриената вода. Децата ја одврзаа мачката од вреќата и ја пуштија.

4. Отплетка, размрси нешто заплеткано, замрсено. Таа го одврза јазолот од конецот. Старицата ги одврза заврзаните нишки.

5. (прен.) За јазик – ослободи, отпушти; почне да зборува. Ако го одврзе јазикот, нема сопирање.

Коњугација: (ќе) одврзеа , (ќе) одврзев , (ќе) одврзел, одврзаа , одврзав , одврзал , одврзан , одврзат , одврзете , одврзи .

Изведени зборови:

  • одврзување, глаг. им. ср.
  • се ~ одврзе, 1. сп. одврзе 1. Чевелот ми се одврза. Кучето се одврза и се пушти по нас. 2. (прен., само во 3 л. едн.) Ми (ти, му...) се јазикот – се ослободи, се отпушти; се разборува. Од пијалакот му се одврза јазикот.
  • (се) одврзува, глаг. несв. (се) одврзуваат

Оригинални податоци:

одврзе, одврзат; одврзи, одврзете; одврзав, одврзаа; одврзал; одврзан; (ќе) одврзев, (ќе) одврзеа; (ќе) одврзел св. 1. а) Оддели, одвои нешто што било претходно врзано. Тој ги одврза вреќите полни со жито. Детето ги одврза чевлите. б) Ослободи тоа што било врзано за нешто. Тој го одврза магарето од дрвото. Го одврза чунот и го турна во водата. 2. Одмота, одвитка од нешто. Тој ѝ ги одврза рацете на девојката. Таа си го одврза шалот од вратот. Тој ја одврза преврската од раната. 3. Извади нешто што било врзано, заврзано во нешто. Тој одврза сол од една крпа и ја тури во зовриената вода. Децата ја одврзаа мачката од вреќата и ја пуштија. 4. Отплетка, размрси нешто заплеткано, замрсено. Таа го одврза јазолот од конецот. Старицата ги одврза заврзаните нишки. 5. (прен.) За јазик – ослободи, отпушти; почне да зборува. Ако го одврзе јазикот, нема сопирање. ● се ~ 1. сп. одврзе 1. Чевелот ми се одврза. Кучето се одврза и се пушти по нас. 2. (прен., само во 3 л. едн.) Ми (ти, му...)се ~ јазикот – се ослободи, се отпушти; се разборува. Од пијалакот му се одврза јазикот. ǁ (се) одврзува, (се) одврзуваат несв. ǁ глаг. им. одврзување ср.