одземе

Глагол, свршен

Значење на одземе:

1. Скуси, намали. – Одземи ги малку ракавите, долги се. – Одземи десет сантиметри од должината на фустанот.

2. Намали еден број за вредност на друг број. Одземи го помалиот број од поголемиот.

3. Земе нешто што припаѓало на друг. Најстариот брат им го одзеде целото наследство.

Коњугација: (ќе) одземеа , (ќе) одземев , (ќе) одземел , одзедоа , одзедов , одзел , одземат , одземен, одземете , одземи .

Изведени зборови:

  • се ~ одземе, Престане да функционира. Имаше мозочен удар и му се одзеде десната страна. Од силната болка му се одземаше здивот.

Оригинални податоци:

одземе, одземат; одземи, одземете; одзедов, одзедоа; одзел; (ќе) одземев, (ќе) одземеа; (ќе) одземел; одземен св. 1. Скуси, намали. – Одземи ги малку ракавите, долги се. – Одземи десет сантиметри од должината на фустанот. 2. Намали еден број за вредност на друг број. Одземи го помалиот број од поголемиот. 3. Земе нешто што припаѓало на друг. Најстариот брат им го одзеде целото наследство. ● се ~ Престане да функционира. Имаше мозочен удар и му се одзеде десната страна. Од силната болка му се одземаше здивот.