одзив

Именка, машки род

Значење на одзив:

1. Звук што се добива како повратна реакција на звук испуштен во широко пространство на отворено, во природата или во голема празна просторија; одглас, ехо; одзивање. Се слушаа довикувања, а потоа одзиви од довикувањата. Далечен одзив. Одзив од чекори.

2. (прен.) Одговор, реакција на нешто. Книгата имаше позитивен одзив.

Множина: одзиви.

Оригинални податоци:

одзив, мн. одзиви м. 1. Звук што се добива како повратна реакција на звук испуштен во широко пространство на отворено, во природата или во голема празна просторија; одглас, ехо; одзивање. Се слушаа довикувања, а потоа одзиви од довикувањата. Далечен одзив. Одзив од чекори. 2. (прен.) Одговор, реакција на нешто. Книгата имаше позитивен одзив.