одзве се
Значење на одзве се:
1. Одговори со глас на нечиј повик. Таа викна неколкупати, но никој не се одзва. Го слушна своето име, ама не се одзва.
2. Излезе во пресрет, прифати покана, исполни молба, желба. Тој се одзва на поканата да го отвори собирот. Станарите се обратија до надлежните, но никој не се одзва.
Конјугација: (ќе) се одзвеа , (ќе) се одзвев , (ќе) се одзвел, одзван , одзвете се , одзви се , се одзваа , се одзвав , се одзвал , се одзват .
Изведени зборови:
- одзивање, глаг. им. ср.
- се одзива, глаг. несв. се одзиваат
Оригинални податоци:
одзве се, се одзват; одзви се, одзвете се; се одзвав, се одзваа; се одзвал; одзван; (ќе) се одзвев, (ќе) се одзвеа; (ќе) се одзвел св. сп. оѕвие се. 1. Одговори со глас на нечиј повик. Таа викна неколкупати, но никој не се одзва. Го слушна своето име, ама не се одзва. 2. Излезе во пресрет, прифати покана, исполни молба, желба. Тој се одзва на поканата да го отвори собирот. Станарите се обратија до надлежните, но никој не се одзва. ǁ се одзива, се одзиваат несв. ǁ глаг. им. одзивање ср.