официјален

Придавка

Значење на официјален:

1. Службен, што доаѓа (соопштен, донесен итн.) од службена, надлежна страна; службено овластен. Официјални кругови. Официјални лица. Официјални информации. Официјална посета.

2. (прен.) Што има службен облик, официјализиран, формален. Официјален тон. Официјален почеток. Тој е премногу официјален.

Членувана форма: официјалниот.

Изведени зборови:

  • официјално, прил. Беше облечен официјално.
  • официјалност, и. ж. кон зн. 2.

Оригинални податоци:

официјален, официјалниот прид. 1. Службен, што доаѓа (соопштен, донесен итн.) од службена, надлежна страна; службено овластен. Официјални кругови. Официјални лица. Официјални информации. Официјална посета. 2. (прен.) Што има службен облик, официјализиран, формален. Официјален тон. Официјален почеток. Тој е премногу официјален. ‖ официјално прил. Беше облечен официјално. ‖ официјалност ж. кон зн. 2.