оформи

Глагол, свршен

Значење на оформи:

1. Обликува, вообличи, даде на нешто готова, конечна форма, формира. Уметникот го оформи лицето на скулптурата.

2. Доведе нешто во завршен, целосен вид сообразно со потребите или барањата. Оформи комисија. Оформи образование. Оформи документи.

3. Состави. Таа ќе оформи нова група.

Коњугација: оформат.

Изведени зборови:

  • оформува, глаг. несв. оформуваат
  • оформување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

оформи, оформат св. 1. Обликува, вообличи, даде на нешто готова, конечна форма, формира. Уметникот го оформи лицето на скулптурата. 2. Доведе нешто во завршен, целосен вид сообразно со потребите или барањата. Оформи комисија. Оформи образование. Оформи документи. 3. Состави. Таа ќе оформи нова група. ‖ оформува, оформуваат несв. ‖ глаг. им. оформување ср.