оган

Именка, машки род

Значење на оган:

1. Запалена материја (дрва, јаглен и др.) која горејќи развива топлина, светлина и чад. Тој запали оган. Седнаа покрај огнот. Огнот брзо пламна. Огнот од цигарата му ги изгори прстите.

2. пожар. Силен оган беснееше во шумата. Огнот ја зафати и нашата куќа.

3. Предмет, средство за запалување (жар, запалка и др.). Немаше оган да ја запали цигарата. Лулето му згасна и тој побара оган да го запали.

4. (само едн.) Пукање од огнено оружје, стрелба. Артилериски оган. Митралески оган. Војниците отворија оган.

5. (разг., само едн.) Висока телесна температура, бунило, треска. Телото му гореше во оган. Детето беше во оган и бладаше. Огнот му спадна ноќеска.

6. Пламен. Змејот од устата фрлаше оган. Одвај го забележа огнот од запаленото чкорче од кибрит.

7. (прен.) Блесок, сјај во очите. Очите му молснаа со силен оган. Згасна огнот во нејзините очи.

8. (прен., само едн.) Силно чувство, страст, жар. Во градите му се накреваше оган. Во срцето ми гори оган. Зборуваше запален од некој внатрешен оган.

Множина: огна, огнови.

Членувана форма: огинот, огнот .

Алтернативно: огин

Изведени зборови:

  • оганче, и. ср. мн. оганчиња -- огинче, мн. огинчиња дем. и хип. ◊ Си го бара со боринче, ќе си го добие со огинче (посл.); огне, мн. огниња дем. од 1. и 6.

Фразеолошки израз / поговорка:

Бега како од оган – се плаши од некого или од нешто. Се фрла в оган за некого – се изложува на непријатност, опасност. Тура масло на оган – влошува и онака лоша ситуација, од лошо прави уште полошо. Си игра со оган – прави нешто опасно, ризично. Се наоѓа меѓу два огна – се наоѓа во тешка, непријатна положба или ситуација кога мора да избере меѓу две зла. Вади костење од оган за друг – се изложува на опасност заради некого, врши тешка работа за некој друг. Оган е. Оган и пламен е – 1. многу е скапо нешто. 2. за вреден, темпераментен, страстен човек. Фестивалски оган. Олимписки оган – оган со чиешто палење се означува почетокот на некоја манифестација (културна, спортска и сл.), кој гори за сето време на нејзиното одржување, и се гасне со нејзиното завршување. Оган да те (го...) изгори! – клетва.

Оригинални податоци:

оган, огнот и огин, огинот, мн. огнови, избр. мн. огна м. 1. Запалена материја (дрва, јаглен и др.) која горејќи развива топлина, светлина и чад. Тој запали оган. Седнаа покрај огнот. Огнот брзо пламна. Огнот од цигарата му ги изгори прстите. 2. сп. пожар. Силен оган беснееше во шумата. Огнот ја зафати и нашата куќа. 3. Предмет, средство за запалување (жар, запалка и др.). Немаше оган да ја запали цигарата. Лулето му згасна и тој побара оган да го запали. 4. (само едн.) Пукање од огнено оружје, стрелба. Артилериски оган. Митралески оган. Војниците отворија оган. 5. (разг., само едн.) Висока телесна температура, бунило, треска. Телото му гореше во оган. Детето беше во оган и бладаше. Огнот му спадна ноќеска. 6. Пламен. Змејот од устата фрлаше оган. Одвај го забележа огнот од запаленото чкорче од кибрит. 7. (прен.) Блесок, сјај во очите. Очите му молснаа со силен оган. Згасна огнот во нејзините очи. 8. (прен., само едн.) Силно чувство, страст, жар. Во градите му се накреваше оган. Во срцето ми гори оган. Зборуваше запален од некој внатрешен оган. ◊ Бега како од оган – се плаши од некого или од нешто. Се фрла в оган за некого – се изложува на непријатност, опасност. Тура масло на оган – влошува и онака лоша ситуација, од лошо прави уште полошо. Си игра со оган – прави нешто опасно, ризично. Се наоѓа меѓу два огна – се наоѓа во тешка, непријатна положба или ситуација кога мора да избере меѓу две зла. Вади костење од оган за друг – се изложува на опасност заради некого, врши тешка работа за некој друг. Оган е. Оган и пламен е – 1. многу е скапо нешто. 2. за вреден, темпераментен, страстен човек. Фестивалски оган. Олимписки оган – оган со чиешто палење се означува почетокот на некоја манифестација (културна, спортска и сл.), кој гори за сето време на нејзиното одржување, и се гасне со нејзиното завршување. Оган да те (го...) изгори! – клетва. ǁ оганче, мн. оганчиња / огинче, мн. огинчиња ср. дем. и хип. ◊ Си го бара со боринче, ќе си го добие со огинче (посл.); огне, мн. огниња ср. дем. од 1. и 6.