огласи

Глагол, свршен

Значење на огласи:

1. Даде оглас во весник или на друг начин преку оглас објави нешто. Тој го огласи станот за продавање во весник. Не успеа да го продаде автомобилот иако го огласи неколку пати.

2. За глас, звук и сл. – исполни определен простор, одекне. Борбени песни го огласија селото. Силен аплауз ја огласи салата.

3. Објави, соопшти, разгласи нешто. Тој испука неколку истрели и така ја огласи смртта на татка си. Посака да викне и да го огласи своето доаѓање. Ѕвончето го огласи крајот на часот.

Коњугација: огласат.

Изведени зборови:

  • огласување, глаг. им. ср.
  • се ~ огласи, 1. Одговори, одврати некому со збор или со глас. Слугинката се огласи, излегувајќи од кујната. Неколку кучиња се огласија со лаеж. Од некој двор се огласи магаре. 2. сп. огласи 2. Се огласи пукот од сите страни. Звукот на камбаната се огласи во селото. Чекорите на војниците се огласија во ноќта. 3. Се јави, се појави објавувајќи нешто. По долгите напади, тој реши да се огласи во рубриката „Писма“ во весникот.
  • (се) огласува, глаг. несв. (се) огласуваат

Оригинални податоци:

огласи, огласат св. 1. Даде оглас во весник или на друг начин преку оглас објави нешто. Тој го огласи станот за продавање во весник. Не успеа да го продаде автомобилот иако го огласи неколку пати. 2. За глас, звук и сл. – исполни определен простор, одекне. Борбени песни го огласија селото. Силен аплауз ја огласи салата. 3. Објави, соопшти, разгласи нешто. Тој испука неколку истрели и така ја огласи смртта на татка си. Посака да викне и да го огласи своето доаѓање. Ѕвончето го огласи крајот на часот. ● се ~ 1. Одговори, одврати некому со збор или со глас. Слугинката се огласи, излегувајќи од кујната. Неколку кучиња се огласија со лаеж. Од некој двор се огласи магаре. 2. сп. огласи 2. Се огласи пукот од сите страни. Звукот на камбаната се огласи во селото. Чекорите на војниците се огласија во ноќта. 3. Се јави, се појави објавувајќи нешто. По долгите напади, тој реши да се огласи во рубриката „Писма“ во весникот. ǁ (се) огласува, (се) огласуваат несв. ǁ глаг. им. огласување ср.