огледало

Именка, среден род

Значење на огледало:

1. Мазна, блескава површина, обично од стакло, покриена со амалгам од едната страна во која се одразуваат лицата и предметите што се наоѓаат пред неа. Ѕидно огледало. Овално огледало. Застана пред огледалото.

2. (прен.) Слика, одраз. Очите се огледало на душата. Настанот е огледало на состојбата во македонската музика.

Множина: огледала.

Изведени зборови:

  • огледалце, и. ср. дем. 1.

Оригинални податоци:

огледало, мн. огледала ср. 1. Мазна, блескава површина, обично од стакло, покриена со амалгам од едната страна во која се одразуваат лицата и предметите што се наоѓаат пред неа. Ѕидно огледало. Овално огледало. Застана пред огледалото. 2. (прен.) Слика, одраз. Очите се огледало на душата. Настанот е огледало на состојбата во македонската музика. ǁ огледалце, мн. огледалца ср. дем. 1.