оглуши

Глагол, свршен

Значење на оглуши:

1. Престане да слуша за момент, за определено време. Војникот оглуши од експлозијата на бомбата.

2. Направи некој да не слуша за момент, за определено време. Децата ја оглушија старицата со викањето и трескањето.

Коњугација: (ќе) оглушеа , (ќе) оглушев , (ќе) оглушел, оглушат , оглушен , оглушете , оглуши , оглушив , оглушија , оглушил .

Изведени зборови:

  • оглушување, глаг. им. ср.
  • се ~ оглуши, Се направи глув, се направи дека не слуша, не послуша некого намерно. Тој се оглуши на нашата молба. Одборот се оглуши на моите предупредувања.
  • (се) оглушува, глаг. несв. (се) оглушуваат

Оригинални податоци:

оглуши, оглушат; оглуши, оглушете; оглушив, оглушија; оглушил; оглушен; (ќе) оглушев, (ќе) оглушеа; (ќе) оглушел св. 1. Престане да слуша за момент, за определено време. Војникот оглуши од експлозијата на бомбата. 2. Направи некој да не слуша за момент, за определено време. Децата ја оглушија старицата со викањето и трескањето. ● се ~ Се направи глув, се направи дека не слуша, не послуша некого намерно. Тој се оглуши на нашата молба. Одборот се оглуши на моите предупредувања. ǁ (се) оглушува, (се) оглушуваат несв. ǁ глаг. им. оглушување ср.