огниште

Именка, среден род

Значење на огниште:

1. Место во куќата или место воопшто каде што се пали оган. Децата легнаа покрај огништето. На огништето висеше котел полн со тиква. Запали оган на старото огниште пред колибата.

2. (прен.) Роден дом, родна, таткова куќа. Домашно огниште. Родно огниште. Тие ги напуштија своите огништа.

3. (прен.) Место, центар од каде што се шири, се распространува нешто; жариште. Огниште на зараза. Огниште на култура.

4. (прен.) Местото на коренот, дупката за садење бостан, пченка, компир и др. Седна до огништето на сончогледовото стебло. Копаме наредени меѓу огништата од пченката. Посадија околу стотина огништа компир.

Множина: огништа.

Оригинални податоци:

огниште, мн. огништа ср. 1. Место во куќата или место воопшто каде што се пали оган. Децата легнаа покрај огништето. На огништето висеше котел полн со тиква. Запали оган на старото огниште пред колибата. 2. (прен.) Роден дом, родна, таткова куќа. Домашно огниште. Родно огниште. Тие ги напуштија своите огништа. 3. (прен.) Место, центар од каде што се шири, се распространува нешто; жариште. Огниште на зараза. Огниште на култура. 4. (прен.) Местото на коренот, дупката за садење бостан, пченка, компир и др. Седна до огништето на сончогледовото стебло. Копаме наредени меѓу огништата од пченката. Посадија околу стотина огништа компир.