оголи
Значење на оголи:
1. Направи да биде гол, соблече, открие до голо; разголи. Девојката ги оголи рамениците. Детето ги оголи колената и влезе во вода.
2. а) Направи да биде гол (без лисја, без кора, без влакна и сл.). Сушата го оголи полето. Тој скина гранче и го оголи со ножето. Берберот му го оголи вратот. б) Стане гол, остане без лисја, без влакна и сл. Шумата оголе. Дрвјата оголеа од силниот ветер. Главата му оголе од грижи.
3. (прен.) Ограби, опљачка некого; земе, одземе некому нешто (пари, имот итн.) обично на недозволен начин. Вчера ме оголија на коцка. Крадците сѐ ни зедоа, нѐ оголија.
4. (прен.) а) Остави некого без средства за живот; осиромаши некого. Војната го оголи народот. б) Стане сиромашен, осиромаши; остане без нешто неопходно. Тој сосема оголе коцкајќи се. Одамна не сум купила ништо за носење, оголев веќе.
Коњугација: (го) оголив , (го) оголија , (го) оголил , оголат , оголеа , оголев , оголел , оголен, оголете , оголи .
Изведени зборови:
- оголување, глаг. им. ср.
- се ~ оголи, Стане гол, се разголи. Тој се оголи до половината и почна да копа.
- (се) оголува, глаг. несв. (се) оголуваат
Оригинални податоци:
оголи, оголат; оголи, оголете; оголев, оголеа; оголел; (го) оголив, (го) оголија; (го) оголил; оголен св. 1. Направи да биде гол, соблече, открие до голо; разголи. Девојката ги оголи рамениците. Детето ги оголи колената и влезе во вода. 2. а) Направи да биде гол (без лисја, без кора, без влакна и сл.). Сушата го оголи полето. Тој скина гранче и го оголи со ножето. Берберот му го оголи вратот. б) Стане гол, остане без лисја, без влакна и сл. Шумата оголе. Дрвјата оголеа од силниот ветер. Главата му оголе од грижи. 3. (прен.) Ограби, опљачка некого; земе, одземе некому нешто (пари, имот итн.) обично на недозволен начин. Вчера ме оголија на коцка. Крадците сѐ ни зедоа, нѐ оголија. 4. (прен.) а) Остави некого без средства за живот; осиромаши некого. Војната го оголи народот. б) Стане сиромашен, осиромаши; остане без нешто неопходно. Тој сосема оголе коцкајќи се. Одамна не сум купила ништо за носење, оголев веќе. ● се ~ Стане гол, се разголи. Тој се оголи до половината и почна да копа. ǁ (се) оголува, (се) оголуваат несв. ǁ глаг. им. оголување ср.