огорчен
Значење на огорчен:
1. Што е бесен, гневен, лут, навреден од некого или од нешто. Тој беше огорчен од загубата на жената. Огорчен човек. Огорчен во душата.
2. Што е жесток, упорен. Огорчен непријател. Огорчена борба.
Членувана форма: огорчениот.
Изведени зборови:
- огорчено, прил. 1. На огорчен начин, бесно, гневно, луто. Зборуваше огорчено. 2. Жестоко, упорно. Се бореа огорчено до последните сили.
- огорченост, и. ж.
Оригинални податоци:
огорчен, огорчениот прид. 1. Што е бесен, гневен, лут, навреден од некого или од нешто. Тој беше огорчен од загубата на жената. Огорчен човек. Огорчен во душата. 2. Што е жесток, упорен. Огорчен непријател. Огорчена борба. ǁ огорчено прил. 1. На огорчен начин, бесно, гневно, луто. Зборуваше огорчено. 2. Жестоко, упорно. Се бореа огорчено до последните сили. ǁ огорченост ж.