ограда
Значење на ограда:
1. Тоа со што е нешто (нива, земја, куќа и сл.) оградено, одвоено од нешто друго во просторот. Железна ограда. Камена ограда. Дрвена ограда.
2. Заштита што се наоѓа на работ од скали, балкон, мост и сл. и служи како заштита. Покрај оградата на скалите нареди цвеќиња. Се потпре на оградата од балконот. Седна покрај оградата на мостот.
3. (обично во ограѓе) Ограден простор (нива, бавча, земја) што се наоѓа на периферијата на село или град. Во летните ноќи крадевме плодови по оградите. Ги пушти овците по ограѓето.
4. (прен.) Граница, пречка; ограничување, сомневање, резерва. Веќе ја немаше тајната ограда меѓу нас. Неговата искреност ги предизвика да ја тргнат оградата што ги делеше. Го прифати нашиот услов со извесна ограда.
5. (разг.) Круг околу месечината. Кога има ограда околу месечината, ќе се мени времето.
Множина: огради.
Изведени зборови:
- огратче, и. ср. дем. кон зн. 1. и 2.
Фразеолошки израз / поговорка:
Жива ограда – сп. жив.
Оригинални податоци:
ограда, мн. огради ж. 1. Тоа со што е нешто (нива, земја, куќа и сл.) оградено, одвоено од нешто друго во просторот. Железна ограда. Камена ограда. Дрвена ограда. 2. Заштита што се наоѓа на работ од скали, балкон, мост и сл. и служи како заштита. Покрај оградата на скалите нареди цвеќиња. Се потпре на оградата од балконот. Седна покрај оградата на мостот. 3. (обично во мн. ограѓе) Ограден простор (нива, бавча, земја) што се наоѓа на периферијата на село или град. Во летните ноќи крадевме плодови по оградите. Ги пушти овците по ограѓето. 4. (прен.) Граница, пречка; ограничување, сомневање, резерва. Веќе ја немаше тајната ограда меѓу нас. Неговата искреност ги предизвика да ја тргнат оградата што ги делеше. Го прифати нашиот услов со извесна ограда. 5. (разг.) Круг околу месечината. Кога има ограда околу месечината, ќе се мени времето. ◊ Жива ограда – сп. жив. ǁ огратче, мн. огратчиња ср. дем. кон зн. 1. и 2.