огради
Значење на огради:
1. Загради, опколи со ограда. Тој го огради лозјето со бодликава жица. Куќата ја оградија со железна ограда.
2. (прен.) Зачува, претпази од нешто, востанови определен однос спрема нешто. Треба да ги оградиме учениците од негативните влијанија.
Коњугација: оградат.
Изведени зборови:
- оградување, глаг. им. ср.
- се ~ огради, 1. Си направи, си постави ограда. Се оградивме со жива ограда. 2. (прен.) Се ограничи, не се сложи со нешто. Јас се оградив од неговите забелешки.
- (се) оградува, глаг. несв. (се) оградуваат 1. сп. огради 1. и 2. 2. Се наоѓа околу, покрај нешто. Карпести камења ја оградуваат патеката од двете страни. Високи тополи го оградуваа полето.
Оригинални податоци:
огради, оградат св. 1. Загради, опколи со ограда. Тој го огради лозјето со бодликава жица. Куќата ја оградија со железна ограда. 2. (прен.) Зачува, претпази од нешто, востанови определен однос спрема нешто. Треба да ги оградиме учениците од негативните влијанија. ● се ~ 1. Си направи, си постави ограда. Се оградивме со жива ограда. 2. (прен.) Се ограничи, не се сложи со нешто. Јас се оградив од неговите забелешки. ǁ (се) оградува, (се) оградуваат несв. 1. сп. огради 1. и 2. 2. Се наоѓа околу, покрај нешто. Карпести камења ја оградуваат патеката од двете страни. Високи тополи го оградуваа полето. ǁ глаг. им. оградување ср.