ограничи
Значење на ограничи:
1. Определи нешто во просторот, постави граници. Надлежниот сектор го ограничи земјиштето предвидено за изградба на станови.
2. Определи нешто во квантитет, не дозволи да се прошири. Фирмата ги ограничи материјалните средства. Здравствените служби ја ограничија заразата.
3. Стесни, намали нешто некому. Директорот на училиштето им ограничи некои права на учениците. Поради непослушност, на неколку војници им ја ограничија слободата на движење.
Коњугација: ограничат.
Изведени зборови:
- ограничување, глаг. им. ср. ограничување, PLUR_ограничувања Надворешни ограничувања. Нормативни ограничувања.
- се ~ ограничи, Си постави сам себеси некакви граници, го определи обемот на својата работа, на своето дејствување итн. Тој се ограничи во своето искажување само за сегашниот проблем. Работниците се ограничија да работат само на пакување кутии.
- (се) ограничува, глаг. несв. (се) ограничуваат
Оригинални податоци:
ограничи, ограничат св. 1. Определи нешто во просторот, постави граници. Надлежниот сектор го ограничи земјиштето предвидено за изградба на станови. 2. Определи нешто во квантитет, не дозволи да се прошири. Фирмата ги ограничи материјалните средства. Здравствените служби ја ограничија заразата. 3. Стесни, намали нешто некому. Директорот на училиштето им ограничи некои права на учениците. Поради непослушност, на неколку војници им ја ограничија слободата на движење. ● се ~ Си постави сам себеси некакви граници, го определи обемот на својата работа, на своето дејствување итн. Тој се ограничи во своето искажување само за сегашниот проблем. Работниците се ограничија да работат само на пакување кутии. ǁ (се) ограничува, (се) ограничуваат несв. ǁ глаг. им. ограничување, мн. ограничувања ср. Надворешни ограничувања. Нормативни ограничувања.