огребе
Значење на огребе:
1. Направи гребаница, издраска некого или нешто со нокти, со остар предмет, со трње и сл. Мачката го огреба детето. Трњето ме огребаа по рацете.
2. Иструже, со гребење симне од површината нешто. Го огребав тенџерето мешајќи силно.
Коњугација: (ќе) огребеа , (ќе) огребев , (ќе) огребел , огребаа , огребав , огребал , огребан , огребат , огребен, огребете , огреби .
Изведени зборови:
- огребување, глаг. им. ср.
- се ~ огребе, (разг., жарг.) Издејствува материјално добро без пари од некого. И овој пат се огреба, се наруча кај вујна му.
- (се) огребува, глаг. несв. (се) огребуваат
Оригинални податоци:
огребе, огребат; огреби, огребете; огребав, огребаа; огребал; огребан; (ќе) огребев, (ќе) огребеа; (ќе) огребел; огребен св. 1. Направи гребаница, издраска некого или нешто со нокти, со остар предмет, со трње и сл. Мачката го огреба детето. Трњето ме огребаа по рацете. 2. Иструже, со гребење симне од површината нешто. Го огребав тенџерето мешајќи силно. ● се ~ (разг., жарг.) Издејствува материјално добро без пари од некого. И овој пат се огреба, се наруча кај вујна му. ǁ (се) огребува, (се) огребуваат несв. ǁ глаг. им. огребување ср.