огрее
Значење на огрее:
1. За сонце, месечина – изгрее, се појави. Сонцето огреа, ајде станувај! Пред да огрее сонцето, тие го напуштија градот. Месечината огреа и ја осветли шумата.
2. За сонце, месечина – осветли некого или нешто. Сонцето ги огреа на половина пат до селото. Сончевите зраци го огреаја лицето на детето во креветчето. Месечината го огреа чардакот на куќата.
3. Загрее, стопли некого или нешто. Таа го зеде детето и го огреа крај огнот. Бабата му ги огреа рацете на детето со триење. Старецот си ги огреа смрзнатите нозе на огнот.
4. (прен.) Обземе чувство на милост, убавина, задоволство. На лицето му огреа насмевка. Очите му огреаја со радосен сјај. Ме огреа нејзината убавина.
Коњугација: (ќе) огреев , (ќе) огрееја , (ќе) огреел , огреав , огреаја , огреал , огреан , огреат , огреен, огреј , огрејте .
Изведени зборови:
- огревање, глаг. им. ср.
- (се) огрева, глаг. несв. (се) огреваат
- се ~ огрее, Се згрее, се стопли. Децата се огреаја на огнот во колибата.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ме (те, го...) огреа среќа / сонце – постигне успех, успее во нешто.
Оригинални податоци:
огрее, огреат; огреј, огрејте; огреав, огреаја; огреал; огреан; (ќе) огреев, (ќе) огрееја; (ќе) огреел; огреен св. 1. За сонце, месечина – изгрее, се појави. Сонцето огреа, ајде станувај! Пред да огрее сонцето, тие го напуштија градот. Месечината огреа и ја осветли шумата. 2. За сонце, месечина – осветли некого или нешто. Сонцето ги огреа на половина пат до селото. Сончевите зраци го огреаја лицето на детето во креветчето. Месечината го огреа чардакот на куќата. 3. Загрее, стопли некого или нешто. Таа го зеде детето и го огреа крај огнот. Бабата му ги огреа рацете на детето со триење. Старецот си ги огреа смрзнатите нозе на огнот. 4. (прен.) Обземе чувство на милост, убавина, задоволство. На лицето му огреа насмевка. Очите му огреаја со радосен сјај. Ме огреа нејзината убавина. ● се ~ Се згрее, се стопли. Децата се огреаја на огнот во колибата. ◊ Ме (те, го...) огреа среќа / сонце – постигне успех, успее во нешто. ǁ (се) огрева, (се) огреваат несв. ǁ глаг. им. огревање ср.