огрозд

Именка, машки род

Значење на огрозд:

1. Грмушка со долги, прави и трнливи гранки во вид на ластари, со мали, темнозелени, назабени листови и мали, топчести или овални жолто-зеленикави плодови со сочно, проѕирно месо и киселкав вкус; Ribes grossularia. Огроздот цути во текот на април до јуни, во зависност од височинската положба.

2. Плод од огрозд. Кошницата ја наполнив со рибизли и огрозди.

Множина: огрозди.

Оригинални податоци:

огрозд, мн. огрозди м. 1. Грмушка со долги, прави и трнливи гранки во вид на ластари, со мали, темнозелени, назабени листови и мали, топчести или овални жолто-зеленикави плодови со сочно, проѕирно месо и киселкав вкус; Ribes grossularia. Огроздот цути во текот на април до јуни, во зависност од височинската положба. 2. Плод од огрозд. Кошницата ја наполнив со рибизли и огрозди.