окади
Значење на окади:
При религиозен обред – исчади со темјан. Се помоли пред иконата, ја окади собата и седна.Конјугација: окадат.
Изведени зборови:
- окадува, глаг. несв. окадуваат
- окадување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Не окадува – не ни помислува да дојде, да влезе некаде.
Оригинални податоци:
окади, окадат св. При религиозен обред – исчади со темјан. Се помоли пред иконата, ја окади собата и седна. ◊ Не окадува – не ни помислува да дојде, да влезе некаде. ǁ окадува, окадуваат несв. ǁ глаг. им. окадување ср.