окапе 2

Глагол, свршен

Значење на окапе:

1. Изгние, скапе, пропадне. Јаболките окапаа. Окапа во затвор.

2. (прен.) Се измачи. Окапа од работа.

3. За лисје, цвеќиња, влакна – падне. Каква коса имаше, му окапа. Зимата дојде, лисјата окапаа.

Коњугација: (ќе) окапеа , (ќе) окапев , (ќе) окапел, окапаа , окапал , окапан , окапат , окапете , окапи .

Изведени зборови:

  • окапува, глаг. несв. окапуваат
  • окапување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

окапе2, окапат; окапи, окапете; окапаа; окапал, окапан; (ќе) окапев, (ќе) окапеа; (ќе) окапел св. 1. Изгние, скапе, пропадне. Јаболките окапаа. Окапа во затвор. 2. (прен.) Се измачи. Окапа од работа. 3. За лисје, цвеќиња, влакна – падне. Каква коса имаше, му окапа. Зимата дојде, лисјата окапаа. ǁ окапува, окапуваат несв. ǁ глаг. им. окапување ср.