око

Именка, среден род

Значење на око:

1. Орган на сетилото за вид кај човекот и кај животните. Убави очи. Црни очи. Мали очи.

2. Вид, способност за гледање. Слаби очи. Добри очи.

3. Поглед, гледање. Зеленилото се протегаше до каде што стасуваа очите.

4. Способност за забележување. Тој има око и за најситните детали.

5. Надзор, надгледување. Под неговото будно око работата течеше како што треба.

Множина: очи.

Изведени зборови:

  • окце, и. ср. 1. Дем. 2. Направа во вид на мало кружно прозорче што служи за ѕиркање низ врата; шпионка. Ѕирна преку окцето да види кој доаѓа. 3. За компир – место од каде што про'ртува. Кога се сади компирот се сече на толку парчиња колку што има окца. 4. Пупка, место од коешто се развиваат млади гранчиња. При калемење важно е колку окца има на гранката.

Фразеолошки израз / поговорка:

Око за око, заб за заб – одмазда за сторено злосторство со иста мера. Не сака ни очите да му ги види – нетрпеливост, отпор кон некого. Очите си ги вадат – 1. непријателски се расположени еден кон друг. 2. води љубов со некого. Око не затвори – воопшто не заспа. Фрли око (на некого/нешто) – сака нешто да добие; засака, бендиса. Око соколово – остар вид. На око – навидум. Со голо око – без користење помошни инструменти, направи. Гледа под око – тајно набљудува. Гледа/чува некого како очите во главата – грижливо се однесува кон некого. Трн во око (некому) – пречи (некому). Земе (некого) на око – постојано е против некого. Те/го ... лажат очите – погрешно согледува, заклучува. Боде очи – отскокнува, се изделува. Му играат очите – итар, ѓаволест. Паѓа в очи – се наметнува, многу е воочлив. Не може да го погледне в очи – срам од некого поради погрешна постапка. Во четири очи – насамо, доверливо. Држи на око (некого) – следи некого. Во очи – директно. Прст пред око не се гледа – 1. за многу темно. 2. за густа магла. Жими / жити очи (клетва). Ми се плаши окото – вознемирен сум од нешто, претчувствувам опасност. Далеку од очи, далеку од срце (посл.).

Оригинални податоци:

око, мн. очи ср. 1. Орган на сетилото за вид кај човекот и кај животните. Убави очи. Црни очи. Мали очи. 2. Вид, способност за гледање. Слаби очи. Добри очи. 3. Поглед, гледање. Зеленилото се протегаше до каде што стасуваа очите. 4. Способност за забележување. Тој има око и за најситните детали. 5. Надзор, надгледување. Под неговото будно око работата течеше како што треба. ◊ Око за око, заб за заб – одмазда за сторено злосторство со иста мера. Не сака ни очите да му ги види – нетрпеливост, отпор кон некого. Очите си ги вадат – 1. непријателски се расположени еден кон друг. 2. води љубов со некого. Око не затвори – воопшто не заспа. Фрли око (на некого/нешто) – сака нешто да добие; засака, бендиса. Око соколово – остар вид. На око – навидум. Со голо око – без користење помошни инструменти, направи. Гледа под око – тајно набљудува. Гледа/чува некого како очите во главата – грижливо се однесува кон некого. Трн во око (некому) – пречи (некому). Земе (некого) на око – постојано е против некого. Те/го ... лажат очите – погрешно согледува, заклучува. Боде очи – отскокнува, се изделува. Му играат очите – итар, ѓаволест. Паѓа в очи – се наметнува, многу е воочлив. Не може да го погледне в очи – срам од некого поради погрешна постапка. Во четири очи – насамо, доверливо. Држи на око (некого) – следи некого. Во очи – директно. Прст пред око не се гледа – 1. за многу темно. 2. за густа магла. Жими / жити очи (клетва). Ми се плаши окото – вознемирен сум од нешто, претчувствувам опасност. Далеку од очи, далеку од срце (посл.). ǁ окце, мн. окца ср. 1. Дем. 2. Направа во вид на мало кружно прозорче што служи за ѕиркање низ врата; шпионка. Ѕирна преку окцето да види кој доаѓа. 3. За компир – место од каде што про'ртува. Кога се сади компирот се сече на толку парчиња колку што има окца. 4. Пупка, место од коешто се развиваат млади гранчиња. При калемење важно е колку окца има на гранката.