окрои

Глагол, свршен

Значење на окрои:

За лозје – изреже, поткастри гранки. Годинава навреме го окројавме лозјето.

Конјугација: (ќе) окроев , (ќе) окроеја , (ќе) окроел, окроија , окрој , окројаа и окроив , окројав , окројал и окроил , окројан и окроен , окројат , окројте .

Изведени зборови:

  • окројува, глаг. несв. окројуваат
  • окројување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

окрои, окројат; окрој, окројте; окројав, окројаа и окроив, окроија; окројал и окроил; окројан и окроен; (ќе) окроев, (ќе) окроеја; (ќе) окроел св. За лозје – изреже, поткастри гранки. Годинава навреме го окројавме лозјето. ǁ окројува, окројуваат несв. ǁ глаг. им. окројување ср.