окубе

Глагол, свршен

Значење на окубе:

1. За пердув, влакно – истргне, отстрани од корен; искубе. Домаќинката ја окуба кокошката и ја стави да се вари.

2. (прен. разг.) а) Материјално искористи, ограби некого преку превисока цена при продажба, наплата на услуги и сл. Купија куќа, ама ги окубаа, не вреди толку. б) Земе, измами некого за пари. Го окубаа на коцка.

Коњугација: (ќе) окубеа , (ќе) окубев , (ќе) окубел, окубаа , окубав , окубал , окубан , окубат , окубете , окуби .

Изведени зборови:

  • окубува, глаг. несв. окубуваат
  • окубување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

окубе, окубат; окуби, окубете; окубав, окубаа; окубал; окубан; (ќе) окубев, (ќе) окубеа; (ќе) окубел св. 1. За пердув, влакно – истргне, отстрани од корен; искубе. Домаќинката ја окуба кокошката и ја стави да се вари. 2. (прен. разг.) а) Материјално искористи, ограби некого преку превисока цена при продажба, наплата на услуги и сл. Купија куќа, ама ги окубаа, не вреди толку. б) Земе, измами некого за пари. Го окубаа на коцка. ǁ окубува, окубуваат несв. ǁ глаг. им. окубување ср.