окупира
Значење на окупира:
1. Заземе, зазема, освои, освојува туѓа територија. Непријателски трупи го окупираа градот.
2. Задржи, задржува нечие внимание, мисли и сл. Со своето сликовито раскажување го окупира вниманието на сите присутни.
3. Вработи, вработува ангажира некого со определена активност, работа.
4. (прен. разг.) Зафати, зафаќа, заземе определено место, простор. Учениците го окупираа плоштадот.
Коњугација: окупираат , окупирајќи.
Изведени зборови:
- окупирање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
окупира, окупираат; окупирајќи св. и несв. 1. Заземе, зазема, освои, освојува туѓа територија. Непријателски трупи го окупираа градот. 2. Задржи, задржува нечие внимание, мисли и сл. Со своето сликовито раскажување го окупира вниманието на сите присутни. 3. Вработи, вработува ангажира некого со определена активност, работа. 4. (прен. разг.) Зафати, зафаќа, заземе определено место, простор. Учениците го окупираа плоштадот. ǁ глаг. им. окупирање ср.