олесни

Глагол, свршен

Значење на олесни:

1. (преод.) Направи некому да му биде полесно нешто. Тој многу ми ја олесни работата.

2. Стане полесен; ослабне. Јадев нередовно и веднаш олеснив за два килограми.

3. (прен. разг.) Стане недоветен. – Не го слушај што зборува, во последно време како да олесни во умот.

Коњугација: олеснат.

Изведени зборови:

  • олеснување, глаг. им. ср.
  • се ~ олесни, Се растовари од грижа, мака, тешкотија – со кратка лично-заменска форма. Кога слушнав дека сè добро се завршило, ми се олесни.
  • (се) олеснува, глаг. несв. (се) олеснуваат

Оригинални податоци:

олесни, олеснат св. 1. (преод.) Направи некому да му биде полесно нешто. Тој многу ми ја олесни работата. 2. Стане полесен; ослабне. Јадев нередовно и веднаш олеснив за два килограми. 3. (прен. разг.) Стане недоветен. – Не го слушај што зборува, во последно време како да олесни во умот.● се ~ Се растовари од грижа, мака, тешкотија – со кратка лично-заменска форма. Кога слушнав дека сè добро се завршило, ми се олесни. ǁ (се) олеснува, (се) олеснуваат несв. ǁ глаг. им. олеснување ср.