олицетворение
Значење на олицетворение:
1. Глаголска именка од олицетвори; олицетворување.
2. Изразување, претставување на нешто апстрактно со одреден лик, како живо суштество; олицетворување. Магарето е олицетворение на глупавоста, лисицата на лукавоста, волкот на крвожедноста итн.
3. Изразување на некоја идеја или поим во човечка личност. За мене тој беше олицетворение на самоувереност и богато животно искуство. Не беа веќе луѓе, туку идеи, олицетворение на идеолошката припадност.
Множина: олицетворенија.
Оригинални податоци:
олицетворение, мн. олицетворенија ср. 1. Глаг. им. од олицетвори; сп. олицетворување. 2. Изразување, претставување на нешто апстрактно со одреден лик, како живо суштество; олицетворување. Магарето е олицетворение на глупавоста, лисицата на лукавоста, волкот на крвожедноста итн. 3. Изразување на некоја идеја или поим во човечка личност. За мене тој беше олицетворение на самоувереност и богато животно искуство. Не беа веќе луѓе, туку идеи, олицетворение на идеолошката припадност.