оловен
Значење на оловен:
1. Што содржи олово. Оловна руда.
2. Што е направен, изработен од олово. Оловни војничиња. Оловно зрно.
3. (прен.) Што е тежок како олово, што има боја на олово. Оловен облак. Одеше со ретки, оловни чекори. Чистото синило се претвори во оловно.
4. Како составен дел на синтагми во називи на хемиски легури и сл. означува дека оловото е составен дел на таа легура. Оловни легури.
Членувана форма: оловниот.
Оригинални податоци:
оловен, оловниот прид. 1. Што содржи олово. Оловна руда. 2. Што е направен, изработен од олово. Оловни војничиња. Оловно зрно. 3. (прен.) Што е тежок како олово, што има боја на олово. Оловен облак. Одеше со ретки, оловни чекори. Чистото синило се претвори во оловно. 4. Како составен дел на синтагми во називи на хемиски легури и сл. означува дека оловото е составен дел на таа легура. Оловни легури.