олово
Хемија.
Само во еднина.
Значење на олово:
1. Хемиски елемент, мек и ковен сребренестосив метал; симбол Pb.
2. Оловно зрно, куршум. Немаат водач, немаат барут и олово.
3. Парче од тој метал. На конецот од јадицата се става олово.
4. (прен.) Тежина, тегоба. Потоа се созеде, лицето го пролеа со олово.
Оригинални податоци:
олово (само едн.) ср. (хем.) 1. Хемиски елемент, мек и ковен сребренестосив метал; симбол Pb. 2. Оловно зрно, куршум. Немаат водач, немаат барут и олово. 3. Парче од тој метал. На конецот од јадицата се става олово. 4. (прен.) Тежина, тегоба. Потоа се созеде, лицето го пролеа со олово.