омаен 1

Придавка

Значење на омаен:

1. Што е замаен, зашеметен. Надвор паѓаше дожд, па бев омаен и нервозен.

2. Што е занесен, восхитен, маѓепсан од нешто. Омаен од таа глетка јас продолжив низ паркчето.

Членувана форма: омаениот.

Изведени зборови:

  • омаеност, и. ж.

Оригинални податоци:

омаен1, омаениот прид. 1. Што е замаен, зашеметен. Надвор паѓаше дожд, па бев омаен и нервозен. 2. Што е занесен, восхитен, маѓепсан од нешто. Омаен од таа глетка јас продолжив низ паркчето. ‖ омаеност ж.