омрси
Значење на омрси:
1. Во време на пости даде некому да касне мрсно. Домаќинката му даде пита со јајца и го омрси, не знаејќи дека тој пости.
2. (разг.) Нахрани добро, мрсно некого. Ги омрси сиромасите.
3. Прави нешто да стане мрсно. Гравот го запржи и омрси со една конзерва говедско.
Конјугација: омрсат.
Изведени зборови:
- се ~ омрси, 1. Касне нешто мрсно за време на пости. 2. (разг.) Касне нешто подобро од секојдневното. 3. (прен., разг.) Добие или извлече за нешто многу повеќе корист, повисока цена и сл. отколку што требало. Со оваа работа добро се омрсивме. Од него не чекај да се омрсиш.
- (се) омрсува, глаг. несв. (се) омрсуваат
Оригинални податоци:
омрси, омрсат св. 1. Во време на пости даде некому да касне мрсно. Домаќинката му даде пита со јајца и го омрси, не знаејќи дека тој пости. 2. (разг.) Нахрани добро, мрсно некого. Ги омрси сиромасите. 3. Прави нешто да стане мрсно. Гравот го запржи и омрси со една конзерва говедско. ● се ~ 1. Касне нешто мрсно за време на пости. 2. (разг.) Касне нешто подобро од секојдневното. 3. (прен., разг.) Добие или извлече за нешто многу повеќе корист, повисока цена и сл. отколку што требало. Со оваа работа добро се омрсивме. Од него не чекај да се омрсиш. ‖ (се) омрсува, (се) омрсуваат несв.