онака

Прилог

Значење на онака:

1. а) На онаков начин, на оној начин. Гласај онака, како свеста што ти наложува. Пред тоа им рекол на другите да сторат онака како што мислат дека е најарно. б) При споредување – на ист начин, во иста мера. Но, онака како што тие те сметаа тебе недостоен за своите тајни, така и ти ги сметаше за недостојни.

2. И без тоа, и покрај тоа, инаку. И онака не знам што точно се случило. Тој и онака не е толку важен за нас.

3. Без причина, без некаква цел; безволно, по навика, механички. Помислив онака, насмеа, но оттогаш мислата ме давеше. Пее не само онака, да се слуша викање, туку со чувство, како школуван пејач. Не бараат заклон, бегаат онака.

Фразеолошки израз / поговорка:

Вака-онака – секако. И вака и онака – како било, како и да е.

Оригинални податоци:

онака прил. спрот. вака. 1. а) На онаков начин, на оној начин. Гласај онака, како свеста што ти наложува. Пред тоа им рекол на другите да сторат онака како што мислат дека е најарно. б) При споредување – на ист начин, во иста мера. Но, онака како што тие те сметаа тебе недостоен за своите тајни, така и ти ги сметаше за недостојни. 2. И без тоа, и покрај тоа, инаку. И онака не знам што точно се случило. Тој и онака не е толку важен за нас. 3. Без причина, без некаква цел; безволно, по навика, механички. Помислив онака, насмеа, но оттогаш мислата ме давеше. Пее не само онака, да се слуша викање, туку со чувство, како школуван пејач. Не бараат заклон, бегаат онака. ◊ Вака-онака – секако. И вака и онака – како било, како и да е.