онаков

Заменка

Значење на онаков:

Показна заменка за посочување качество.

Множина: онакви.

Алтернативно: онаква онакво

Фразеолошки израз / поговорка:

Ваков или онаков – сеедно каков.

Оригинални податоци:

онаков, онаква, онакво мн. онакви зам. Показна заменка за посочување качество. 1. Што е како оној онде, како оној онаму, како оној што го гледаме. Јас сакам онаков фустан, како нејзиниот. 2. Каков што е. Ќе остане во моето сеќавање онаква каква што сакав да е. Нештата се онакви какви што се и не треба да ги силиме. ◊ Ваков или онаков – сеедно каков.