оној

Заменка

Значење на оној:

1. За покажување на некого или на нешто што го гледаме во моментот на зборувањето, но што не се наоѓа во наша непосредна близина. Ја зеде својата лампа и ја управи светлината кон оној дел од масата, кај што седеше жената. Онаму, во оној ќош сите спијат.

2. За покажување на некого или на нешто просторно и временски оддалечено, но веќе споменато или познато. Вратата на неговата канцеларија не е отворена од оној ден. Водата успеала да го добие оној вкус што се чувствува кога ќе помине низ пепел.

3. При претходно определување. Ги отвори скриптите на истата онаа страница на која беше запрел. Го носеше оној жолт фустан без ракави.

4. За потсилување на изразот, за потенцирање.

5. Само во среден род – со извесна модалност. Дај го она весникон да го прегледам малку. 6.. Како им. Наместо име што не сака да се спомене, што се избегнува. Му кажа ли на оној што мислам за неговата постапка.

Множина: оние.

Алтернативно: она онаа

Фразеолошки израз / поговорка:

На оној свет –задгробен живот.

Оригинални податоци:

оној м., онаа ж., она ср., мн. оние зам. 1. За покажување на некого или на нешто што го гледаме во моментот на зборувањето, но што не се наоѓа во наша непосредна близина. Ја зеде својата лампа и ја управи светлината кон оној дел од масата, кај што седеше жената. Онаму, во оној ќош сите спијат. 2. За покажување на некого или на нешто просторно и временски оддалечено, но веќе споменато или познато. Вратата на неговата канцеларија не е отворена од оној ден. Водата успеала да го добие оној вкус што се чувствува кога ќе помине низ пепел. 3. При претходно определување. Ги отвори скриптите на истата онаа страница на која беше запрел. Го носеше оној жолт фустан без ракави. 4. За потсилување на изразот, за потенцирање. 5. Само во среден род – со извесна модалност. Дај го она весникон да го прегледам малку. 6.. Како им. Наместо име што не сака да се спомене, што се избегнува. Му кажа ли на оној што мислам за неговата постапка. ◊ На оној свет –задгробен живот.