опадне
Значење на опадне:
1. За лисје, цут, коса и сл. – падне, се откине, се оддели. Лисјето опаднаа од силниот ветар. Со годините косата му опадна.
2. (прен.) Ослаби здравствено, изгуби сила. Снагата ја загуби некогашната сила – опадна.
3. (прен.) Ослабне финансиски, осиромаши. Откако тој замина од фирмата, тие многу опаднаа.
4. Се намали, се смали (по бројност, во големина). Бројот на студентите на универзитетите многу опадна. Не е ништо, скоро ќе ѝ опадне отокот.
Конјугација: (ќе) опаднеа , (ќе) опаднев , (ќе) опаднел, опаднаа , опаднав , опаднал , опаднат , опаднат , опаднете , опадни .
Изведени зборови:
- опаѓање, глаг. им. ср.
- опаднува, глаг. несв. опаднуваат -- опаѓа, опаѓаат
Оригинални податоци:
опадне, опаднат; опадни, опаднете; опаднав, опаднаа; опаднал; опаднат; (ќе) опаднев, (ќе) опаднеа; (ќе) опаднел св. 1. За лисје, цут, коса и сл. – падне, се откине, се оддели. Лисјето опаднаа од силниот ветар. Со годините косата му опадна. 2. (прен.) Ослаби здравствено, изгуби сила. Снагата ја загуби некогашната сила – опадна. 3. (прен.) Ослабне финансиски, осиромаши. Откако тој замина од фирмата, тие многу опаднаа. 4. Се намали, се смали (по бројност, во големина). Бројот на студентите на универзитетите многу опадна. Не е ништо, скоро ќе ѝ опадне отокот. ‖ опаднува, опаднуваат / опаѓа, опаѓаат несв. ‖ глаг. им. опаѓање ср.