опаше
Значење на опаше:
1. Обвие појас околу половината. На крајот го опаша аловиот појас околу половината.
2. Заврзе нешто околу половината, околу појасот. Таа опаша нова фута и облече ново гунче.
3. (прен.) Загради нешто од сите страни; опколи, опкружи. Бавчата беше доста голема и опашана со високи камени ѕидишта.
4. (прен.) Удри некого со ремен, камшик и сл.; швркне, фрасне. Силно го опаша со ременот по грбот.
5. Стегне, опфати. Ги опаша рацете околу неговите гради и го бакна.
Коњугација: (ќе) опашеа , (ќе) опашев , (ќе) опашел, опашаа , опашав , опашал , опашан , опашат , опашете , опаши .
Изведени зборови:
- опашување, глаг. им. ср.
- се ~ опаше, 1. Стави на себе појас. Татко му се опаша четирипати со појасот. 2. Се обвие со нешто околу половината. Се опаша со јажето.
- (се) опашува, глаг. несв. (се) опашуваат
Оригинални податоци:
опаше, опашат; опаши, опашете; опашав, опашаа; опашал; опашан; (ќе) опашев, (ќе) опашеа; (ќе) опашел св. 1. Обвие појас околу половината. На крајот го опаша аловиот појас околу половината. 2. Заврзе нешто околу половината, околу појасот. Таа опаша нова фута и облече ново гунче. 3. (прен.) Загради нешто од сите страни; опколи, опкружи. Бавчата беше доста голема и опашана со високи камени ѕидишта. 4. (прен.) Удри некого со ремен, камшик и сл.; швркне, фрасне. Силно го опаша со ременот по грбот. 5. Стегне, опфати. Ги опаша рацете околу неговите гради и го бакна. ● се ~ 1. Стави на себе појас. Татко му се опаша четирипати со појасот. 2. Се обвие со нешто околу половината. Се опаша со јажето. ‖ (се) опашува, (се) опашуваат несв. ‖ глаг. им. опашување ср.