опашка
Значење на опашка:
1. а) Израсток на задниот дел од телото на животните, како продолжение на 'рбетот. Голем шарен пес ги пресретна во дворот и почна да ја врти опашката. Коњот рамномерно ја мавташе опашката и пасеше. б) Долги перје на задниот дел од телото кај птиците. Кукавицата ја вртеше својата долга опашка. Птицата немирно мавташе со опашката. в) Крајниот, заден дел од телото кај риби, змии и други влекачи, инсекти и сл. На тревата имаше доста риби и некои удираа со опашките по тревата. На камењата веќе стојат гуштерици со скинати опашки. г) (разг.) Последните пршлени на 'рбетниот столб кај човекот.
2. (прен.) а) Краен, заден дел од нешто, сè што е спротивно на преден дел, на глава, врв, почеток. Се фати на опашката на орото. Од кон опашката на колоната викаат. Опашка на авион. б) Издолжен, обично подвижен дел на нешто. Опашка на комета. На небото играше хартиен змеј со долга, шарена опашка. в) Заден дел од фустан, костум, капут, пола што виси во задниот дел од телото. По нив одеше човек, наметнат со пелерина, чија опашка беше прекумерно долга.
3. (прен.) Редица, колона од луѓе што чекаат во ред (пред продавница, шалтер и сл.). Пред фурната на татко му се редеше редовно опашка од деца.
4. (прен.) Споредна, неважна личност во некоја група, колектив и сл. Не е тој од големите, тој е само опашка таму.
5. Дршка на лист или на плод.
6. (прен.) Трага. Се дрндаше автобусот оставајќи зад себе долга опашка од прав. Од маглата останаа долги опашки над доловите.
Множина: опашки.
Фразеолошки израз / поговорка:
Коњска опашка – вид фризура при што косата е собрана и врзана на тилот. Свие (свитка, собере) опашка – се повлече, отстапи. Мрда (врти) со опашката – се додворува, се умилкува. Крене (напрчи) опашка – покаже сила, надменост. Лаги (лажги) со опашки – големи лаги. Му плукна под опашката – го набрка, му покажа вратата. Е (се наоѓа) на опашката на / од настаните – не е доволно запознаен со настаните, остане надвор од случувањата. Дури не мрдне кучката со опашката, не трчаат кучињата по неа. (посл.) – ако не дадеш повод, ако не предизвикаш, никој не те гиба. Која страчка (останала) без опашка, па и ти без жена (момче). (посл.) – никој не останал без жена (маж), неженет, секој се оженил. Почне нешто од опашката – почне нешто без ред, наопаку. Фатил едно за глава, друго за опашка – уште едно не завршил, друго започнал. Секоја круша си има опашка – секогаш ќе се најде повод за некого, за нешто да се зборува. Нагази (му згазне) на опашката некому – изложи некого на опасност, загрози некого. Не можеш да го фатиш ни за глава ни за опашка – не можеш да сфатиш навистина што сака, што бара, што мисли. Врзе на мачката за опашката – тоа ништо не вреди, не чини. Како мачката (песот) со опашката – за лошо извршена работа, обично за лошо сметено, недоволно исчистено и сл.
Оригинални податоци:
опашка, мн. опашки ж. 1. а) Израсток на задниот дел од телото на животните, како продолжение на 'рбетот. Голем шарен пес ги пресретна во дворот и почна да ја врти опашката. Коњот рамномерно ја мавташе опашката и пасеше. б) Долги перје на задниот дел од телото кај птиците. Кукавицата ја вртеше својата долга опашка. Птицата немирно мавташе со опашката. в) Крајниот, заден дел од телото кај риби, змии и други влекачи, инсекти и сл. На тревата имаше доста риби и некои удираа со опашките по тревата. На камењата веќе стојат гуштерици со скинати опашки. г) (разг.) Последните пршлени на 'рбетниот столб кај човекот. 2. (прен.) а) Краен, заден дел од нешто, сè што е спротивно на преден дел, на глава, врв, почеток. Се фати на опашката на орото. Од кон опашката на колоната викаат. Опашка на авион. б) Издолжен, обично подвижен дел на нешто. Опашка на комета. На небото играше хартиен змеј со долга, шарена опашка. в) Заден дел од фустан, костум, капут, пола што виси во задниот дел од телото. По нив одеше човек, наметнат со пелерина, чија опашка беше прекумерно долга. 3. (прен.) Редица, колона од луѓе што чекаат во ред (пред продавница, шалтер и сл.). Пред фурната на татко му се редеше редовно опашка од деца. 4. (прен.) Споредна, неважна личност во некоја група, колектив и сл. Не е тој од големите, тој е само опашка таму. 5. Дршка на лист или на плод. 6. (прен.) Трага. Се дрндаше автобусот оставајќи зад себе долга опашка од прав. Од маглата останаа долги опашки над доловите. ◊ Коњска опашка – вид фризура при што косата е собрана и врзана на тилот. Свие (свитка, собере) опашка – се повлече, отстапи. Мрда (врти) со опашката – се додворува, се умилкува. Крене (напрчи) опашка – покаже сила, надменост. Лаги (лажги) со опашки – големи лаги. Му плукна под опашката – го набрка, му покажа вратата. Е (се наоѓа) на опашката на / од настаните – не е доволно запознаен со настаните, остане надвор од случувањата. Дури не мрдне кучката со опашката, не трчаат кучињата по неа. (посл.) – ако не дадеш повод, ако не предизвикаш, никој не те гиба. Која страчка (останала) без опашка, па и ти без жена (момче). (посл.) – никој не останал без жена (маж), неженет, секој се оженил. Почне нешто од опашката – почне нешто без ред, наопаку. Фатил едно за глава, друго за опашка – уште едно не завршил, друго започнал. Секоја круша си има опашка – секогаш ќе се најде повод за некого, за нешто да се зборува. Нагази (му згазне) на опашката некому – изложи некого на опасност, загрози некого. Не можеш да го фатиш ни за глава ни за опашка – не можеш да сфатиш навистина што сака, што бара, што мисли. Врзе на мачката за опашката – тоа ништо не вреди, не чини. Како мачката (песот) со опашката – за лошо извршена работа, обично за лошо сметено, недоволно исчистено и сл. ‖ опавче, мн. опавчиња; опавченце, мн. опавченца дем. и хип.