опече
Значење на опече:
1. Изгори, добие изгореница, рана. Само осетив како цевката отскокна и нешто како да ме опече.
2. а) Опали, обгори од сонце. Силните зраци му го опекоа лицето. б) Силно огрее. По дождот опекло сонце.
3. (прен.) Предизвика болка, внатрешен немир. Нејзиниот поглед, допирот на раката го опекоа.
4. испече.
Коњугација: (ќе) опечеа , (ќе) опечев , (ќе) опечел , опекле , опекоа , опеков , опекол , опечат , опечен, опечете , опечи .
Изведени зборови:
- се ~ опече, Кон зн. 1. Се опеков од рерната.
- (се) опечува, глаг. несв. (се) опечуваат -- (се) опекува, (се) опекуваат
Оригинални податоци:
опече, опечат; опечи, опечете; опеков, опекоа; опекол, опекле; (ќе) опечев, (ќе) опечеа; (ќе) опечел; опечен св. 1. Изгори, добие изгореница, рана. Само осетив како цевката отскокна и нешто како да ме опече. 2. а) Опали, обгори од сонце. Силните зраци му го опекоа лицето. б) Силно огрее. По дождот опекло сонце. 3. (прен.) Предизвика болка, внатрешен немир. Нејзиниот поглед, допирот на раката го опекоа. 4. в. испече. ● се ~ Кон зн. 1. Се опеков од рерната. ‖ (се) опечува, (се) опечуваат / (се) опекува, (се) опекуваат несв.