опее
Значење на опее:
1. Воспее, прослави со песна; изрази со песна. Твоето име ќе го опејат в песна.
2. За свештеник – одржи опело.
Конјугација: (ќе) опеев , (ќе) опееја , опеав , опеаја , опеал , опеан , опеел, опеј , опејат , опејте .
Изведени зборови:
- опева, глаг. несв. опеваат -- опејува, опејуваат
- опевање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
опее, опејат; опеј, опејте; опеав, опеаја; опеал; опеан; (ќе) опеев, (ќе) опееја; опеел св. 1. Воспее, прослави со песна; изрази со песна. Твоето име ќе го опејат в песна. 2. За свештеник – одржи опело. ‖ опева, опеваат / опејува, опејуваат несв. ‖ глаг. им. опевање ср.