опера
Значење на опера:
1. Музичко-сценско дело, што се изведува од пејачи и оркестар. Овој месец на сцената се изведуваат ренесансни опери.
2. Зграда во која се изведуваат оперски дела. Се подотера набрзина и се стрчна кон операта.
3. Група од музичари и пејачи што изведуваат такво дело; оперски ансамбл. На тој настан ќе гостува Македонската опера.
Множина: опери.
Изведени зборови:
- оперски, прид. оперскиот Оперска пејачка. Оперски арии.
Оригинални податоци:
опера, мн. опери ж. 1. Музичко-сценско дело, што се изведува од пејачи и оркестар. Овој месец на сцената се изведуваат ренесансни опери. 2. Зграда во која се изведуваат оперски дела. Се подотера набрзина и се стрчна кон операта. 3. Група од музичари и пејачи што изведуваат такво дело; оперски ансамбл. На тој настан ќе гостува Македонската опера. ‖ оперски, оперскиот прид. Оперска пејачка. Оперски арии.