операција

Именка, женски род

Значење на операција:

1. (мед.) Вид лекување, при кое со хируршка интервенција се отстрануваат болни ткива или органи, се поправа некој недостаток и сл.

2. (воен.) Целокупност од определени дејствија на големи воени формации заради постигнување определени стратегиски цели. Воена операција.

3. а) Финансиски дејствија поврзани со трговија или банкарско работење; извршување, спроведување на некоја задача според определен план, договор, одлука. Финансиски операции. Трговска операција. б) Севкупност од дејствија, постапки со определена цел, при решавање, извршување на задачи. Математичка операција. Логички операции. Мисловни операции.

4. Работа, дејствија воопшто.

Множина: операции.

Оригинални податоци:

операција, мн. операции ж. 1. (мед.) Вид лекување, при кое со хируршка интервенција се отстрануваат болни ткива или органи, се поправа некој недостаток и сл. 2. (воен.) Целокупност од определени дејствија на големи воени формации заради постигнување определени стратегиски цели. Воена операција. 3. а) Финансиски дејствија поврзани со трговија или банкарско работење; извршување, спроведување на некоја задача според определен план, договор, одлука. Финансиски операции. Трговска операција. б) Севкупност од дејствија, постапки со определена цел, при решавање, извршување на задачи. Математичка операција. Логички операции. Мисловни операции. 4. Работа, дејствија воопшто.