опфати

Глагол, свршен

Значење на опфати:

1. Фати околу со раце, обгрне, прегрне нешто или некого. Си ја опфати брадата со раката и молчеше.

2. Вклучи нешто или некого во составот на нешто. Борбата ќе го опфати целиот народ во идното победоносно востание. Со работа треба да се опфатат сите што покажале готовност да се борат.

3. (прен.) Фати со поглед или мисла. Во еден миг, со остар поглед опфати сѐ.

4. Обземе чувство, душевно преживување. Ја опфати силна тага. Ме опфати жал. Ме опфати плач.

Коњугација: опфатат.

Изведени зборови:

  • опфаќа, глаг. несв. опфаќаат
  • опфаќање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

опфати, опфатат св. 1. Фати околу со раце, обгрне, прегрне нешто или некого. Си ја опфати брадата со раката и молчеше. 2. Вклучи нешто или некого во составот на нешто. Борбата ќе го опфати целиот народ во идното победоносно востание. Со работа треба да се опфатат сите што покажале готовност да се борат. 3. (прен.) Фати со поглед или мисла. Во еден миг, со остар поглед опфати сѐ. 4. Обземе чувство, душевно преживување. Ја опфати силна тага. Ме опфати жал. Ме опфати плач. ǁ опфаќа, опфаќаат несв. ǁ глаг. им. опфаќање ср.