опие

Глагол, свршен

Значење на опие:

1. Доведе некого во пијана состојба со алкохолна пијачка. Постојано му ја полнеше чашата, како да сака да го опие.

2. За алкохолна пијачка – содржи состојки што предизвикуваат пијана состојба. Старото вино брзо го опи.

3. (прен.) Плени со своите особини; занесе, замае. Ех, толку ме имаше опиено учителот. Ме опи свежината на есенското утро.

4. (мед.) Успие со наркоза.

Конјугација: (ќе) опиев , (ќе) опиеја , (ќе) опиел , опив , опиен, опиј , опија , опијат , опијте , опил .

Изведени зборови:

  • опивање, глаг. им. ср.
  • (се) опива, глаг. несв. (се) опиваат
  • се ~ опие, 1. Се доведе во пијана состојба со конзумирање алкохолна пијачка. Пред него стои шише ракија, го донесе да се опие. Вистина сношти се опи до бесвест. 2. (прен.) Се занесе, се замае. Долго ја гледаше, се опи од нејзината убавина.

Оригинални податоци:

опие, опијат; опиј, опијте; опив, опија; опил; (ќе) опиев, (ќе) опиеја; (ќе) опиел; опиен св. 1. Доведе некого во пијана состојба со алкохолна пијачка. Постојано му ја полнеше чашата, како да сака да го опие. 2. За алкохолна пијачка – содржи состојки што предизвикуваат пијана состојба. Старото вино брзо го опи. 3. (прен.) Плени со своите особини; занесе, замае. Ех, толку ме имаше опиено учителот. Ме опи свежината на есенското утро. 4. (мед.) Успие со наркоза. ● се ~ 1. Се доведе во пијана состојба со конзумирање алкохолна пијачка. Пред него стои шише ракија, го донесе да се опие. Вистина сношти се опи до бесвест. 2. (прен.) Се занесе, се замае. Долго ја гледаше, се опи од нејзината убавина. ‖ (се) опива, (се) опиваат несв. ‖ глаг. им. опивање ср.