опинок

Именка, машки род

Обично во множина.

Значење на опинок:

1. Лесна, селска обувка, обично од кожа или гума, која се стега околу ногата со ремчиња, опута и сл. Тој започна да ги собува гумените опинци.

2. (само едн.) (разг., пејор.) а) Сиромав човек. б) Некултурен човек; малограѓанин.

Множина: опинци.

Изведени зборови:

  • опинче, и. ср. дем.
  • опинчиште, и. ср. аугм.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ќе му ги земе опинците – не може ништо да му земе, нема што да му земе. Ќе ми ги јаде опинците – ништо не ми може. Железни опинци ќе искине (ќе обуе) – голема упорност ќе покаже во нешто.

Оригинални податоци:

опинок, (обично во мн.) опинци м. 1. Лесна, селска обувка, обично од кожа или гума, која се стега околу ногата со ремчиња, опута и сл. Тој започна да ги собува гумените опинци. 2. (само едн.) (разг., пејор.) а) Сиромав човек. б) Некултурен човек; малограѓанин. ◊ Ќе му ги земе опинците – не може ништо да му земе, нема што да му земе. Ќе ми ги јаде опинците – ништо не ми може. Железни опинци ќе искине (ќе обуе) – голема упорност ќе покаже во нешто. ‖ опинче, мн. опинчиња ср. дем. ‖ опинчиште, мн. опинчишта ср. аугм.