опипа

Глагол, свршен

Значење на опипа:

1. Пипне, допре со прсти нешто; пипа. Ги опипа џебовите.

2. Со пипање, со допир испита, дознае, заклучи нешто.

Коњугација: опипаат.

Изведени зборови:

  • се ~ опипа, Се пипне.
  • (се) опипува, глаг. несв. (се) опипуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Опипа пулс – 1. ја испита работата на срцето со опипување на пулсот. 2. (прен.) внимателно дознае нешто, нечие мислење, став, испита некои околности, состојба и сл.

Оригинални податоци:

опипа, опипаат св. 1. Пипне, допре со прсти нешто; сп. пипа. Ги опипа џебовите. 2. Со пипање, со допир испита, дознае, заклучи нешто. ● се ~ Се пипне. ◊ Опипа пулс – 1. ја испита работата на срцето со опипување на пулсот. 2. (прен.) внимателно дознае нешто, нечие мислење, став, испита некои околности, состојба и сл. ‖ (се) опипува, (се) опипуваат несв.